Котација на втора емисија на конвертибилни обврзници издадени од Централна Кооперативна Банка АД Скопје
вторник, 15 јули 2025

На седницата одржана на 14.07.2025 година, Одборот на директори на Македонска берза донесе Одлука за котација на конвертибилните обврзници (втора емисија) издадени од Централна Кооперативна Банка АД Скопје на Официјалниот пазар на Македонска берза АД Скопје, на подсегментот Берзанска котација.

 

Карактеристиките на овој финансиски инструмент се следни:

 

  • Вид на хартија од вредност:  конвертибилни, преносливи, субординирани, необезбедени, обврзници, со фиксна каматна стапка.
  • Број на издадени хв: 60
  • Номинална вредност на една хв: 100.000 ЕУР
  • Вкупна номинална вредност на емисијата: 6 милиони ЕУР
  • Датум на издавање: 20.06.2025 година
  • Датум на достасување: 20.06.2034 година
  • Каматна стапка: Фиксна годишна камата од 2,2% за целиот период. Каматата се исплаќа годишно, на 20.06. секоја година. Каматата се пресметува во евра, а се исплаќа во денари
  • Опција за конвертибилност во друг инструмент: Опцијата за конвертирање му дава право на имателот на обврзниците да ги конвертира обврзниците во обични акции со право на глас, на негово барање по цена на конверзијата од 41,2069 евра за една акција. Остатокот кој нема да биде конвертиран ќе му се исплати на имателот на обврзниците. Конверзијата на обврзниците во обични акции со право на глас се прави на барање на имателот кое може да се поднесе на секои три месеци сметано од датумот на издавање на обврзницата.
  • Правна положба (субординираност) на хв: Обврзниците се необезбедени и субординирани обврски во однос на обврките на Банката кон останатите депоненти и  доверители. Обврзниците се еднакви помеѓу себе и ќе имаат еднаков третман при исплатата како и сите други должнички хартии од вредност од ист вид и карактеристики кои ќе бидат издадени од Банката.
  • Куповна опција/Откуп: Издавачот може по сопствено дискреционо право, да ги откупи хартиите од вредност по истекот на 5 години од датумот на издавање, со претходно одобрение од НБРМ.
  • Шифра на тргување: CKBKO2
  • ISIN: MKSILB200022
  • Датум на котација и прв ден на тргување: 18.07.2025 година
  • Режим на тргување: Аукциско тргување, Трета група

 

Имајќи го предвид наведеното, како и при секое вложување во хартии од вредност, потребно е инвеститорите темелно да се информираат за карактеристиките на финансискиот инструмент преку увид и анализа на проспектот за котација, како и преку следење на сите известувања кои издавачот во иднина ќе ги објавува преку системот на Берзата за електронско известување од котираните друштва СЕИ-Нет.